Лукаревска: Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во Собранието обвини дека земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми во реализацијата на мерките и поддршката. Таа потсети дека во програмата на Владата беше предвидена „ревитализација на земјоделските политики“ и вклучување на земјоделците во креирањето на мерките, но нагласи дека тоа не се реализира во пракса. „Во програмата на Владата […]

Николовски: Трипуновски ќе остане запаметен само по корупциски скандали и злоупотреби

Соопштение за јавност Вашиот мандат има три збора – неисполнети ветувања, ароганција и корупција на сите нивоа, нагласи пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, на собраниската седница за интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Николовски посочи дека Трипуновски и Министерството во овие две години, […]

Роаминг наместо реформи

Соопштение за јавност ВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие. Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за […]

Талески го обвини Трипуновски: Вие сте синоним за корупција и криминал

Пратеникот Миле Талески во Собранието го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, дека е синоним за криминал и корупција во министерството. „Министре, вие сте синоним за криминал и корупција во вашето министерство. Прва одлука којашто вие како министер сте ја донеле е дека сте склучиле договор со ќерката на овој којшто е приведен и поставен […]

Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието на седницата за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците. „Пред нас овде не е интерпелација само заради него, […]

Николовски побара одговорност од Трипуновки: Ги намаливте и не ги исплаќате субвенциите, земјоделците се излажани

Соопштение за јавност Ветувавте повеќе субвенции, а земјоделците добија помалку, ги лажевте земјоделците дека субвенциите ќе бидат исплатени во март, па во април, па во мај, денес сме 10 јуни, а многу земјоделци сè уште немаат добиено ниту денар на своите сметки, нагласи пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница на која на […]

Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието

Соопштение за јавост Вистина е дека за две години Влада на Мицкоски и ВМРО, македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Наместо зголемени субвенции како што лажеа кога беа опозицијата, земјоделците од ВМРО добија намалување. Субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло. Намалена […]

Симоноски: За осум месеци Ѓорѓиевски нема реализирано ниту едно од клучните ветувања за Ѓорче Петров

Советникот од СДСМ Горан Симоноски, на денешната седница на Град Скопје посветена на советнички прашања, нагласи дека градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски нема реализирано ниту едно од клучните ветувања во делот на капиталните инвестиции за општината Ѓорче Петров. Симоноски посочи по осум месеци од мандатот на Ѓорѓиевски, кој самиот го најави како историски, со […]

Штерјова: На огласот за пожарникари Ѓорѓиевски си ги вработил кумот и братучедот

Советничката од СДСМ, Кети Штерјова, на денешната седница на Град Скопје за советнички прашања, постави три прашања кои се однесуваат на огласот за вработување во Противпожарната бригада, финансиското работење на ЈП „Лајка“ и хаосот со паркирањето кај Градски ѕид на булеварот „Блаже Конески“. Штерјова посочи дека до советничката група на СДСМ се стигнати документи кои […]

Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката на СДСМ, Катерина Цаневска-Арсовска, упати три прашања до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, отворајќи повеќе сомнежи околу начинот на кој се водат клучни градски политики и институции. Таа посочи три проблематични области: спорниот избор и политичката позадина на именувањето на Марјан Цветковски за директор на Фондацијата […]