mchi

Прес центар

Ременски: Законите мора да важат за секој функционер и секоја институција

dbi

01.03.2018

Изјава за медиуми,
Фросина Ременски, пратеничка и потпретседателка на СДСМ
Скопје, 01.03.2018

 

Почитувани,

Ревизијата на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата укажува на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, токму од страна на Комисијата која што треба да се грижи за спречување на злоупотреби на правата и обврските на институциите и сите избрани функционери во државата.

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција ниту еден ден повеќе.

Од тие причини доколку членовите на Антикорупциската комисија веднаш не поднесат итна и неотповиклива оставка, во Собранието на Република Македонија, како орган кој е надлежен за изборот на членовите на ова тело, ќе покренеме постапка за нивно разрешување.

Нема да има толеранција за коруптивно и расипничко однесување на ниту една институциja и на
ниту еден функционер во Република Македонија

 

 

 

 

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени