mchi

Прес центар

Локвенец: Преку спроведените реформи, Македонија за само неколку месеци повторно се врати на вистинскиот пат

dbi

28.04.2018

Прес конференција,
Хари Локвенец, пратеник од СДСМ во Собранието на Република Македонија
Скопје, 28.04.2018


После 11 години изолација, внатрешни поделби, кавги со соседите и конфронтирање со демократскиот свет, Македонија конечно тргна напред.

За само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство преку посветена и одговорна работа успеаа да ја вратат државата на вистинскиот пат, патот на соработка, пријателство, напредок и евроинтеграции.

Вчерашниот ден најдобро го отсликува контрастот помеѓу Македониија која до пред само една година беше заробена и изолирана држава и Македонија денес, почитувана држава, пријател на регионот и Европа.

Позитивните оценки од претседателот на Европскиот парламент Доналд Туск уште еднаш ги потврдија успешните чекори на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на зацртаните реформи.

Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, ја придвижи Македонија кон патот на интеграцијата и после долги години повторно се отворени европските перспективи за нашата земја.

Ваквиот успех на меѓународен план, рефлектира и со позитивни движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Стабилноста на општеството резултира со зголемување на инвестициите, на индустриското производство, се отвораат нови фондови, нови развојни линии, се отвораат нови работни места.

По потпишувањето на Договорот за добрососедство со Република Бугарија економската размена со Република Бугарија бележи раст што позитивно влијае врз севкупната економска клима.

Сето ова има позитивен импакт врз отворањето на нови работни места, повисоки плати и економски раст, но истовремено е и дополнителeн поттик за нас како владеачка партија.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат посветено, одговорно и отчетно во спроведувањето на зацртаните реформи што обезбедуваат интеграција, добрососедски односи, економски раст и квалитетен живот за сите граѓани.

 

Скопје, 28.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени