mchi

Прес центар

Велковски: Воведуваме „зелена нафта“ за поконкурентно земјоделство

dbi

03.05.2018

Прес конференција,
Диме Велковски, пратеник на СДСМ
Скопје, 03.05.2018


Почитувани,

Со усвојувањето на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, парламентарното мнозинство продолжува со остварување на зацртаните мерки преку кои се унапредува земјоделството и се намалуваат трошоците.

Се реализира уште една клучна мерка која е многу значајна за земјоделците. Воведуваме зелена нафта преку кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Над 54.000 земјоделски стопанства коишто имаат евидентирано земјоделски површини во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ќе набавуваат поевтино гориво за нивната механизација.
Мерката со која се помагаат земјоделските стопанства е во висина од 50% од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.
Финансиската поддршка која ќе биде обезбедена од буџетот на Република Македонија ќе биде во висина од 310 милиони денари, годишно.

Со оваа мерка значително ги намалуваме трошоците за земјоделско производство, ги олеснуваме условите на земјоделците, а земјоделското производство станува поконкурентно.
Достоинствени земјоделци кои спокојно живеат од својот труд е нашата цел кон која полека се движиме.

Земјоделството е значајна стопанска дејност која влијае врз севкупниот економски раст и затоа, како парламентарното мнозинство остануваме целосно посветени на обезбедување квалитетни услови за живот и работа на земјоделците, но и на сите граѓани во Република Македонија.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени