mchi

Прес центар

Костадинов: Се санираат штетите од криминалите на ВМРО-ДПМНЕ врвот на партијата да не бара амнестија за Груевски

dbi

13.10.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 13.10.2018


Почитувани,

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со одбрана на криминалот на режимот и да се посветат на иднината на државата и на сите нејзини граѓани.

Овие денови, преку презентираните докази во судските постапки, за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги кршело законите.

На штета на граѓаните и само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор, како што е соопштено, со една кинеска фирма, е над 155 милиони евра.

Резултатите од таквото криминално однесување на тогашното раководство и министрите од ВМРО-ДПМНЕ не се само незаконските провизии.

Граѓаните се сведоци дека биле промашени трасите, не биле соодветно предвидени и планирани тунели, свлечишта, клучки и низа други грешки, како на пример на автопатот Кичево-Охрид, што повлече дополнителни средства на граѓаните за санирање на штетите.

Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите наследени од партијата на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Денес се гради по план, законски, транспарентно и се е на увид на јавноста. Интензивно се санира кастрофата што ја остави ВМРО ДПМНЕ, се обновува патната инфраструктура ширум Македонија и се работи во интерес на граѓаните.

Амнестија за криминал нема и не смее да има. Во интерес на граѓаните, раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го брани криминалот на Никола Груевски и да даде поддршка на процесот во собранието што води во НАТО и ЕУ.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени