mchi

Прес центар

Тевдовски: Да имаше нова Влада, веќе ќе беше зголемена минималната плата!

dbi

18.04.2017


Одговори на новинарски прашања,
Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ
Скопје, 18.04.2017

Медиуми: Околу Извештајот на Фајненс Тинк, околу процентот на плати кој се под 20.000, a статистиката вели 22.000 да биде просечната плата, каков е ставот околу ова на партијата, како да се зголеми стандардот на граѓаните?

Тевдовски: Тоа е еден од показателите дека платите во Македонија се многу ниски, ние и во програмата и во многу наши пресови јасно потенциравме дека растот на платите е еден од нашите приоритети и мислиме дека Македонија мора да излезе од ова мизерно ниско ниво на плати и затоа во програмата наведовме и ќе имплементираме серија на механизми кој ќе прават платите да растат, пред се оние најниски плати тие што се на левата страна на распоредот тоа е секако борбата за минимална плата, ние во програмата предвидовме и серија на мерки кој прават стимулација и државна поддршка за отворање на работни места кој ќе испраќаат бруто плата повисока од просечната, секако тука е важна поддршката за домашните претпријатија и растот на платите на долг рок, веројатно највеќе ќе зависи од реформите во образованиот систем, бидејќи на долг рок платите зависат од продуктивноста, а пак продуктивноста зависи од знаењата и вештините на работниците.

Медиуми: Кој вкупно бројка, Имате ли отприлика оцртано каква би била точната бројка која би ги задоволила потребите на граѓаните?

Тевдовски: Значи ние апсолутно зборувавме за раст на минималната плата и тоа да биде прогресивен. Значи, минималната плата веќе да имаше Влада, веќе ќе беше донесена првата одлука за зголемувањето на минималната плата. Ние поставивме цели, значи како цел колку да изнесува просечната, колку да изнесува минималната плата на крајот на мандатот, и мислиме дека оваа борба за платите е една од клучните којашто треба да ја направи новата реформска влада и бидејќи ова е нешто што во Македонија и досега никој не се обидел да го направи, да направи притисок за нов развоен модел кој ќе се темели на раст на платите. До сега имаме обиди, значи од претходните гарнитури, а не од овие до сега што се на власт, тоа се модели на раст на долгот или модел на раст на извозот, не се обидувале да направат раздвижување на платите, а платите се клучни за да се зголеми животниот стандарт на мнозинството граѓани на оваа земја, значи на луѓето којшто живеат од својот труд, а не поседуваат никакви приходи од капитал.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени