mchi

Прес центар

Заев: Склучивме договор со еснафот, го враќаме животот за сите во Скопската чаршија

dbi

11.10.2017

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 11.10.2017


Почитувани претставници на медиумите,

Дозволете прво да ја искористам приликата, преку вас и вашите објективи, уште еднаш да го честитам 11ти Октомври, денот на народното востание на Република Македонија.

Денеска е прекрасен ден,ја искористивме можноста и покрај ова сонце, да се дружиме овде во Старата скопска чаршија.

Поводот беше потпишување договор со еснафот во Старата скопска чаршија,а тука сме заедно сите да го дадеме својот збор.

Оваа чаршија ќе заживее. Оваа чаршија е дом на еснафите, но е дом и на секое еснафско семејство, кое го знае нејзиното значење за Скопје. Оваа чаршија не е само чувар на различните драгоцени занаети. Не го поврзува само минатото со сегашноста.

Оваа чаршија е симбол на нашето единство на различности, на нашето заедништво, на нашата заедничка иднина.

Затоа, сосема се оправдани и прифатливи барањата на еснафлиите за обезбедување инфраструктурни услови со коишто, и ние како нив, веруваме дека ќе го вратиме животот во Чаршијата за сите.

Денес, меѓу другото, разговаравме и за уредување на приодите кон чаршијата, влезовите кон Битпазар и скопското Кале, обнова на електричната инсталација, осветлувањето, калдрмата и многу други значајни работи за чаршијата.

Овие луѓе, никогаш не се откажаа од довербата дека Старата скопска чаршија ќе дише повторно и затоа ја заслужуваат сета наша почит.

Затоа, упатуваме јасна поддршка, дека повеќе не се сами во заложбите.

Старата скопска чаршија е културно богатство на Скопје, спојува времиња, цивилизации, луѓе. Но, таа е и Македонија во мало. Тука работат, соработуваат, се дружат, си помагаат и се почитуваат, граѓаните од сите етнички заедници. Аирлија нека е договорот, за нас, зборот е збор. Ќе има живот за сите во старата Скопска Чаршија, ќе има живот и за еснафите во чаршијата.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени