Соопштение за јавност
Власта на обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници за 10 години нема изградено ниту една нова железничка пруга.
Бројот на патници кои се возат со воз е намален за неверојатни 700 илјади патници! До 2008 година со воз се превезувале 1.500.000 патници, а во 2014 бројот паднал на 800.000 патници.
Превозот на стока со воз е намален за над 50 проценти! 3.800.000 тони стока се транспортирале со воз до 2006. Бројката е повеќе од преполовена, на 1.500.000 тони во 2015 година.
Ова се факти за кои Министерството за транспорт и врски нема одговор, па користи празни фрази.
По 11 декември ќе се насочиме кон модернизација на железничката инфраструктура и обнова на возниот парк за да обезбедиме активен железнички сообракај со што ќе им овозможиме на граѓаните и на бизнис секторот пак да го користат возот како брзо превозно средство по пристојни цени.
Скопје, 19.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА