fbpx

Шукова на средба со граѓанскиот сектор-како до чисто и зелено Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова на средба со граѓанскиот сектор-како до чисто и зелено Скопје

Во време кога Скопје се соочува со сериозни еколошки предизвици, како честите пожари и загадувањето во најголемиот екоцид Вардариште, а граѓаните се секојдневно на протест, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова, оствари средба со претставници на граѓански и експертски организации кои делуваат во областа на урбаниот развој, животната средина и социјалната инклузија.

Средбата е дел од континуираниот дијалог со граѓанското општество за дефинирање на приоритети за развој на Скопје како одржлив и модерен град.

Здруженија на граѓани: РАДАР, ФЛОРОЗОН, Еко-свест, Центар за климатски промени, Милиоконтакт , Љубезност и Новинари за човекови права, презентираа предлози поврзани со урбанистичко планирање, заштита на зеленилото, управување со отпад, енергетска ефикасност, борба против загадување, активно граѓанско учество и социјално домување.

„Скопје мора да се развива како град кој е одржлив и зелен, но истовремено и хуман и правичен – затоа мој приоритет ќе биде заедно со граѓаните да ги градиме решенијата што обезбедуваат квалитетен живот за сите” истакна Шукова на средбата.

Посебен акцент беше ставен на препораките за решавање на бездомништвото и поддршка на ранливите категории, кои вклучуваат создавање фонд за социјални станови, пренамена на напуштени објекти, имплементација на моделот „Housing First“ и воспоставување центар за бездомници со придружни програми за реинтеграција.

Последни вести