fbpx

Средба Заев – Стафансон: Со граѓаните дејствуваме кон промените по декември

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Р.Македонија, Матс Стафансон, придружуван од заменикот абмасадорот Антон Иреквист.

Клучна тема на состанокот беше реализацијата на обврските од сите политички субјекти за фер предизборен и изборен процес во декември, што се наведува како приоритет број еден за државата и граѓаните.

– СДСМ е целосно посветена кон организирање и спроведување регуларни избори во Македонија, како единствено решение за излез од политичката криза. И Владата мора да ги исполни очекувањата за фер избори, рече претседателот Заев.

Голем дел од состанокот беше посветен и на Програмата на СДСМ и поставеноста на партијата за развој на Македонија.

Претседателот на СДСМ соопшти дека партијата е целосно отворена за граѓаните со коишто на теренот веќе подолг период разговара и дејствува во насока на промените што по декември ќе го кренат животниот стандард и ќе обезбедат економски и демократски развој на земјава.

Скопје, 15.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести