Соопштение за јавност
Никола Груевски да не бега од одговорност за поплавите кои се случија на 6 август. Утре Груевски мора да се појави во Собранието на Надзорната расправа за поплавите.
Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети.
Одговорност за поплавите и последиците од нив мора да има и ќе има.
Скопје, 15.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА