Соопштение за јавност
Ранливите категории на граѓани ќе имаат повисоки додатоци и достоинствен живот, односно се она што го немаа во последните десет години. Диме Спасов не може да се помири со промашените проекти кои остануваат зад него. Граѓаните паметат со каква селективност се спроведуваа сите помпезно најавувани и никогаш довршени проекти. Граѓаните се свесни дека дека по секоја реформа од оваа власт, тие живеат се посиромашно.
Но на 11-ти декември народот ќе ги казнат лошите политики на оваа власт, а новата влада предводена од СДСМ навистина ќе се грижи за сите граѓани подеднакво. Промените се случуваат. Македонија навистина ќе биде социјална држава.
Скопје, 12.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА