fbpx

Да се почитуваат законите и меѓународните конвенции за човекови права за новинарот Божиновски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија е земја на затворани и репресирани новинари и на неслободни медиуми. Власта на мафијашки начин се пресметува со сите свои неистомисленици, а новинарите се особено на удар поради природата на нивната професија. Извештаите на сите релевантни меѓународни организации, вклучително и на Репортери без граници и на Фридом хаус, потврдуваат дека Македонија е неслободна земја.

Случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој се држи во притвор, уште еднаш ги потврдува овие констатации. Го повикуваме режимот во заминување на Никола Груевски да престане да ги злоупотребува државните институции и инсталациите од тефтерот на Јанкулоска во судството за да се пресметува со сите што не мислат како него и што не одработуваат за неговата мафијашка власт.

Исто така, апелираме да се почитуваат сите законски процедури и меѓународни конвенции поврзани со човековите права во врска со Зоран Божиновски, особено што станува збор за новинар.

01.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести