fbpx

Спасовски во Маврово Ростуше: По промените следуваат големи инвестиции во инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денес беше во посета на општините Струга и Маврово-Ростуше.

Жителите на општина Струга потенцираа дека иселувањето на младите и невработеноста се главните проблеми од овој регион. Жално е да се гледат младите како ја напуштаат сопствената држава, рекоа жителите.

– Новата, одговорна влада предводена од СДСМ ќе се создаде услови за вработување на младите, пристоја работа со повисоки плати. Имаме мерки во Програмата како што се „Младинска гаранција“ или поддршка на нови бизниси за младите преку бизнис инкубатори. Секој млад човек да добие еднаква и фер шанса. Младите умови да останат во Македонија и тука да ја градат иднината е нашата цел., рече Спасовски пред стружани.

За жителите од општина Маврово Ростуше, покрај иселувањето на младите и лошите услови за живот, проблем е и руинираната инфрастрастуктура. Граѓаните зборуваат за целосна негрижа на владата на ВМРО ДПМНЕ, со што овој регион е целосно заборавен и не личи како да се живее во 21 век.

– Во 21 век ние немаме струја кога ќе затуди и тоа со денови. А оваа власт има пари за споменици и панорамски тркала. Наместо да се изгради далекуводна електрична мрежа, барокни фасади се плаќаат од џебот на граѓаните.

Дополнителен проблем за жителите се и нерегулирањето на одводнувањето и отпаднитеЉ води, со што се загрозуваат земјоделските површини од коишто обезбедуваат храна.

– По демократските промени, новата власт предводена од СДСМ, ќе започне голем инвестициски циклус во инфратруктурата. Планирани се инвестиции од 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување и 3 милијарди евра во патната ифраструктура за 10 години. Дополнително, спроведувањето на мерките од Програмата на СДСМ гарантира достоен живот за сите граѓани. Нашата цел е една – Македонија да биде земја со бројна и економски стабилна средна класа, наместо општество со мала група богати и мнозинство сиромашни граѓани, рече Спасовски.

 

 

 

 

Последни вести