Соопштение за јавност
Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.
Претседателот Зоран Заев, на терен, директно ги предводи активностите за помош на граѓаните од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково, во реоните коишто не беа покриени во изминатите денови.
Заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, претседателот Заев помага на жителите со цел што побрзо да го нормализираат својот живот.
Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбраната вода, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена.
Жителите се жалат на спорите реакции на надлежните институции и забележуваат што на самите граѓани е оставено пријавувањето на штетите во општините за дури потоа да излезат надлежните Комисии.