fbpx

Филипче: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче упати јасна порака дека парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта.

„Да се спротивставиме на оние кои работат само за себе, кои бесрамно ги трошат парите на граѓаните за свои уживања, а на граѓаните им фрлаат трошки,“ изјави Филипче, оценувајќи дека „оваа држава не видела власт која толку многу лаже, а толку малку испорачува резултати“, рече Филипче.

Тој додаде дека лажниот патриотизам се користи како алатка за манипулација, додека реалните проблеми на луѓето остануваат нерешени.

„Ќе ѝ се спротивставиме на секоја форма на самоволие и на заканата Македонија повторно да биде ставена под контрола на партиски режим кој носи темнина, застој и угнетување,“ рече претседателот на СДСМ, повикувајќи на обединување околу јасна агенда за демократија, правда, ред и подобра економија со стандарди за достоинствен живот согласно европските вредности“.

Филипче нагласи дека единството треба да се гради преку одговорност и грижа за секојдневните предизвици на граѓаните.

„Обединувањето доаѓа од одговорноста да се бориме против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии“,рече Филипче.

Во обраќањето Филипче го истакна фокусот на СДСМ кон луѓето – работниците, младите, пензионерите и сите заедници без исклучок.

„Да го свртиме вниманието кон граѓаните и да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста,“ порача Филипче.

Последни вести