Соопштение за јавност
Гувернерот Богов, во интервјуто за Алсат-М телевизија, обидувајќи се да го оправда своето присуство на конференциската врска со агентите и кредиторите одржана на 18.07.2016 година, еден ден пред издавањето на незаконската еврообврзница од 450 милиони евра, потврди незаконско присуство на заменик министерот за правда, Билјана Бришкоска.
Согласно изјавата на министерот за правда, заклучно со 24.07.2016 г., до Министерството за правда ниту една една институција се немала обратено во врска со издавањето на еврообврзницата и некој друг освен министерот за правда немал овластување да го претставува министерството.
Оттука, го повикуваме Основното јавно обвинителство, пред да донесе решение по поднесените кривични пријави против Миноски и Бришкоска, да ги повика сите наведени сведоци во пријавите, поради тоа што еден од посочените сведоци, Богов, јавно призна за конференциската врска.
Секое друго постапување на Основното јавно обвинителство ќе го сметаме за одлучување врз основа на партиско влијание.
Скопје, 04.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА