fbpx

Дали со тендерот за НБРМ Груевски го седна Богов на конференциската врска?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавноста

Гувернерот Богов молчи дали имал интерес што го принудил да присуствува на конференциската врска, кога е договорено огромното незаконско задолжување на граѓаните во стотици милиони евра.
Дали тоа значи дека Богов потврдува?

Поставивме прашање на кое гувернерот Димитар Богов не одговори:

Дали аукцијата за избор на изведувач за изградба на милионската барокна зграда на НБРМ има врска со присуството на Богов на конференциската врска во понеделникот кога власта ги задолжи граѓаните 450 милиони евра, плус камати, со еврообврзницата?

Фрапантни 35.6 милиони евра е проценето дека ќе чини новата административна зграда на НБРМ. Народна банка објави тендер тежок 1.8 милијарди денари и тоа без вклучен ДДВ.

Денеска повторно го повикуваме Богов да каже дали овој тендер има некаква врска со промената на ставот на гувернерот Богов кој прво тврдеше дека издавањето на еврообврзницата е во надлежност на Владата и Министерството за финансии, потоа се најде во друштвото на владините претставици кои преку конференциска врска го договорија милионското задолжување, а завчера застана и до министерот за финансии изнесен да ја правда еврообврзницата.
Ако Богов преку Фејсбук се правда дека од 2012 година повикал да запре задолжувањето, што го предомисли гувернерот да учествува лично во незаконското издавање на еврообврзницата.

Брзо ќе стане јасно со што го држи Груевски, гувернерот Димитар Богов.

Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница и во сите други противзаконски постапки ќе мора да понесат одговорност.

Скопје, 24.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести