Соопштение за јавност
Јавното обвинителство за коешто во јавноста има сериозни сомнежи за начинот на којшто работи мора многу транспарентно, јасно и прецизно да ја води постапката за новинарот Зоран Божиновски и да и соопшти на јавноста за што конкретно го обвинува.
Македонија е на листата на држави каде што новинари под сомнителни околности се притворани, притискани, уценувани, контролирани, поради што земјава е на дното на листите по слобода на говор како и дел од извештаите на сите релевантни меѓународни организации како држава со загрозени медиумски слободи и права.
Скопје, 18.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА