fbpx

Груевски го внел проверениот Дил ориентед Пешевски во шема за еврообврзницата?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Незадоволен од капацитетот на Кирил Миноски, Никола Груевски денеска го поставил проверениот Владимир Дил Ориентид Пешевски за главен играч во продолжението на издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра.

Во седумминутната телефонска врска со потенцијалните инвеститори којашто ја водел Пешевски, според информациите што ги имаме, како соучесници биле присутни и министерот за финансии, министерката за информатичко општество и администрација, заменик министерката за правда и се разбира верниот послушник на Груевски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

По кратката седумминутна телефонска врска, состанокот бил завршен.

ДУИ очигледно се обидува да се затскрие, со тоа што на телефонскиот состанок со инвеститорите не присуствувал министерот за правда, но според информациите што ги имаме тој сепак, по налог на својата партија и дал овластување на заменик министерката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да потврди од името на Министерството за правда, дека постапката за издавање на еврообврзницата е согласно законите.

Молкот на ДУИ по ова прашање упатува дека Али Ахмети се испазарил како и многу пати до сега со Никола Груевски.

Веќе е јасно дека коалициските партнери ја гледаат иднината на Р.Македонија само низ призма на поделба на тендерски колачи. Дали ќе имаат за леб граѓаните, никогаш не било во сфера на нивниот интерес.

Затоа граѓаните ќе ја казнат власта на Груевски во заминување.

Сите кои работеле противзаконски и нанеле зло на граѓаните на Македонија, ќе одговараат.

 

Скопје, 18.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести