Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Делчево остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за целосниот колапс на правосудниот систем и изневерените очекувања на граѓаните.
„Граѓаните ја очекуваа долгонајавуваната правда и правна држава на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо правда, видовме селективна правда, скандали со унапредувања на судии и обвинители. За реформите само се зборува, ниту еден закон од реформската агенда не е донесен. Правосудниот систем е оставен сам на себе,“ изјави Филипче.
Граѓаните ја очекуваа и долгонајавуваната правда и правна држава на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо правда се изнагледавме селективна правда, скандали со унапредувања на судии и обвинители, за реформите само се зборува, ниту еден закон од реформската агенда не е донесен за правосудниот систем е едноставно е оставен сам на себе“, рече Филипче.
Филипче остро реагираше и на политичкиот пристап на премиерот Мицкоски, за кого рече дека се поставува како премиер, судија и обвинител во едно.
„Го слушам Мицкоски како оди по митинзи и зборува за правда и одговорност. И знаете што е најтажно? Го слушнавме истото и пред изборите. Иста реторика, исти ветувања. После локални избори лично ќе се позанимавал со обвинителството и судството. И премиер и судија и обвинител. Се во едно е Мицкоски. Тој назначува, тој разрешува, тој оценува судии и обвинители и на крај прави пресметка дали платата им е заслужена или не“, рече Филипче на трибината во Делчево.
Тој исто така порача дека оваа состојба е продолжение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои со години го злоупотребуваат судството за партиски интереси.
„Ете ова е сликата на македонското правосудство денес. Со ВМРО-ДПМНЕ знаеме за судството од тефтерче, правда која тие самите ја носат како нив што им одговара. Одма после избори ќе се зафателе со криминалот и ќе исчистеле се, ама некако чистењето тешко им оди“, порача Филипче.