Филипче: Мицкоски не се задолжува за да враќа стари долгови, тоа е лага, затоа вкупниот долг расте

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја отфрли тезата на премиерот Христијан Мицкоски дека новите задолжувања служат за враќање на старите долгови. Филипче посочи дека вкупниот долг расте и дека власта со новите задолжувања финансира тековна потрошувачка.

„Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте“, рече Филипче.

Тој оцени дека до крајот на мандатот на оваа влада вкупниот долг ќе биде најмалку 50% поголем од долгот што власта го наследи во 2024 година. Притоа, посочи дека во предлог-буџетот за 2027 година само 9% од вкупните средства се предвидени за капитални инвестиции.

„Се задолжува за да троши“, рече Филипче, додавајќи дека, според досегашното искуство, власта нема капацитет да ги реализира ни планираните капитални инвестиции.

Како примери за приоритетите на власта, Филипче ги посочи кратењата во здравството и образованието. Иако вкупниот буџет е поголем, за капитални инвестиции во здравството се предвидени 60% помалку средства, а за изградба на нови училишта 17% помалку.

Линк до видео: