Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на повеќе настани кои Партијата на европски социјалисти и француската Социјалистичка партија ги организираат во Париз, посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ.
Денеска Шекеринска ќе учествува на состанок на социјалистички и социјалдемократски европски партии на којшто ќе се усвои новата Агенда за Европа на ПЕС 2016-2019. Целта на новата Агенда на ПЕС е да понуди патоказ за промени во ЕУ по Брегзит.
Утре заменик претседателката Шекеринска ќе биде една од говорниците на конференцијата посветена на бегалската криза. Конференцијата ќе ја отворат лидерите на ПЕС, претставници од владеачката француска Социјалистичка партија и на Социјал-демократската група во Европскиот Парламент.
Скопје, 07.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА