fbpx

Претседателот Заев со телеграма со сочувство по терористичкиот чин во Истанбул

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до граѓаните на Република Турција, Турците во Република Македонија и до Амбасадата на Република Турција во Македонија упати телеграма со сочуство по терористичкиот чин во Истанбул.

Во телеграмата се вели:

„Изразувам длабоко жалење, сочувство и солидарност со граѓаните на пријателска Турција.

Македонија сочувствува со семејствата на загинатите во теротистичките напади во Истанбул, се солидаризира со граѓаните на Турција и нашите сограѓани Турци коишто живеат во Република Македонија.

Турција е наш голем пријател и поддржувач за членство во НАТО алијансата. Една од првите земји што ја признаа Република Македонија под уставното име беше токму Република Турција.

Терористичките напади во Турција потврдија дека тероризмот не познава вера и нација. Тероризмот е глобална закана за современиот свет, но универзалните човекови вредности и солидарноста се посилни од теророт.

Вчерашниот запрепастувачки акт е уште едно црвено светло за целата меѓународна заедница уште порешително и пообединето да застане на патот на ова зло.Нашите мисли и молитви се со граѓаните на Турција“ стои во телеграмата на претседателот Заев.

 

Скопје,29.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести