Соопштение за јавност
Почитувани,
По повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на балканските Египќани, претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите граѓани во Македонија кои го одбележуваат овој ден.
„Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име, Ви го честитам денешниот ден, значаен за афирмирање на културните достигнувања, традицијата и вредностите на балканските Египќани.
Заедницата на балканските Египќани во Македонија дава значителен придонес во развојот на нашето современо општество.
Соочени со предизвиците исправени пред Македонија, балканските Египќани даваат придонес и во одбрана на демократските принципи, бидејќи од нив произлегуваат и механизмите на заштитата на правата на помалите етнички заедници во земјава.
Со промовирање и поттикнување на универзалните човечки вредности, слободата, правдата, меѓусебното почитување и помагање, заедно допринесуваме за подобрување на односите во нашата заедничка татковина, Република Македонија, за нејзина подобра и сигурна иднина“ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Скопје, 24.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА