Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за граѓаните за справување со загадувањето!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност на СДСМ

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за граѓаните за справување со загадувањето!

Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора да биде решавање на проблемот со загадувањето, истакна во гостување на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р. Александар Трајановски.

– Општината мора да излезе со субвенции, да даде финансиска поддршка за набавка на инвертер клими, за велосипеди, за да се намали загадувањето. Јас како доктор знам колку е тоа штетно, колку е полна клиниката за Пулмологија, вели Трајановски.

Докторот ги коментираше и протестите кои секојдневно се случуваат поради загадувањето од Вардариште и Дрисла, при што истакна дека недозволиво е локалната самоуправа, да не постапи кога нејзините граѓани бараат помош и реакција од неа.