Филипче повика на мобилизација: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија. Ова е тест за зрелоста на нашето општество. Ова е избор помеѓу два различни света, два пата кои водат на сосема различен правец. Две различни иднини за Македонија“, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од трибината во Струмица.

Тој повика на масовна теренска мобилизација во последната недела пред изборите, нагласувајќи дека ова не се обични избори, туку ова е морална битка за Македонија.

„Секој разговор што ќе го направите оваа недела е еден глас повеќе. Секоја врата на која ќе затропате е еден човек повеќе на вистинската страна. Секој збор, секој телефонски повик, секоја прошетка по улица ќе ја донесе големата победа на 19 октомври“, порача Филипче.

Филипче нагласи дека ова е повеќе од изборна битка, ова е морална и историска одлука за иднината на државата:

„Оваа битка не е само политичка. Таа е морална и таа е историска. Ова е борба за еднаквост, за правда, за човеково достоинство. За Македонија што се обединува, не што се дели“, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.