fbpx

Иванов го прошири хаосот, донесени Одлуки со ист број кои се неважечки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Хаосот во којшто се наоѓа Ѓорге Иванов и во којшто ја втурна цела Македонија со незаконските и неуставни одлуки за аболиции, по нарачка на Никола Груевски, дополнително се проширува.

По објавувањето на Одлуките за поништување на дел од неуставните одлуки за помилување, видливо е дека лицето Ѓорге Иванов има донесено две Одлуки со ист број: 08-534/1.

Овие Одлуки на Иванов се со ист број иако се однесуваат на различни случаи коишто се предмет на спроведување на постапка.

Со тоа едната Одлука на Иванов е неважечка и нема правно дејство. Дополнително, тоа значи дека Одлуката на Иванов со број: 08-543/1 објавена во Службен весник на 12 април 2016 година се уште е на сила.

Или Иванов намерно го проширува хаосот или воопшто не знае какви одлуки носи.

Хаосот што го создаде Иванов, за да ги заштити криминалците во власта, може да се реши само со целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции.

Едно е јасно. Мора да има целосно поништување на неуставните одлуки за аболиции. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 30.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести