fbpx

Драган Тевдовски добитник на наградата „Најдобар научник“ за 2015 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, професорот Драган Тевдовски, денеска доби награда за „Најдобар научник“ на Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ во Скопје, за 2015 година.

Доделени се вкупно 4 награди, во различни области. Професорот Драган Тевдовски е добитник на наградата за општествените науки. За прв пат откако се доделуваат вакви награди во рамки на УКИМ, наградата ја добива економист.

Оваа награда претставува значајно признание за научната дејност на Тевдовски и несомнено е потврда за квалитетот на професионалната работа но и за стручноста на кадрите од СДСМ.

 

 

Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

 

Последни вести