Соопштение за јавност
Денес никој не ветува членоство во НАТО бидејќи таа работа ја завршивме.
Немаше политичка партија што од нашата незвисност, не ветуваше членство во НАТО.
За помалку од три години, ја отворивме вратата, и денес сме рамноправна и горда членка на најмоќната алијанса во историјата на човештвото, НАТО.
Влеговме во НАТО, можеме и сакаме да влеземе и во Европската Унија.
Бараме убедлива политичка победа, нов чист политики мандат од ѓраѓаните бидејки нашата мисија не е завршена.
Сакаме европски стандарди, дома во нашата татковина. Докажавме дека можеме, влегоме во НАТО.
Ќе докажеме дека можеме повеќе и уште подобро и сериозно ќе зачекориме по еврпскиот пат.
Ќе влеземе и во ЕУ. – изјави денеска Никола Димитров, носител на листа на кандидати за пратеници за ИЕ1 од коалицијата Можеме.