Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ја прими веста дека 12 вработени во Телма телевизија се прогласени за технолошки вишок, со одлука на менаџментот на овој медиум.
Менаџментот на Телма телевизија, како раководство на угледен, релевантен и респектабилен медиум, треба да се произнесе и во детали да ја објасни причината за оваа одлука. Особено што станува збор за професионални новинари, докажани во својата долгогодишна работа.
Го повикуваме раководниот тим на Телма телевизија да ја преиспита својата одлука и да ги разгледа сите можности што му стојат на располагање да се донесе соодветно решение кое ќе биде во интерес на новинарите, во согласност со заштитата на нивните законски права и обрски.
Решение коешто нема да се одрази на квалитетот на програмските содржини на Телма телевизија, медиум којшто ужува углед помеѓу граѓаните на Република Македонија.
Скопје, 26.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА