fbpx

Која е “тајната формула” за заштедите на Груевски од 10.000 евра месечно?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски е единствениот човек во Македонија на кого му успева да заштеди по 10.000 евра месечно со плата од 1.400 евра.

На неговите денарски и девизни сметки Груевски успеал за само една година да стави 118.629 евра.

Наместо безобразно да се крие зад празни соопштенија, Груевски нека даде одговор на клучното прашање: која е „тајната формула“ со која успева да заштеди 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра?

И целата плата да ја штедел Груевски, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра, а не 118.629 евра.

Никола Груевски е должен на 180 илјади граѓани кои живеат со помалку од 40 денари на ден поради неговите погрешни политики да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија за оф шор релациите на Груевски со рајски земји, за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно.

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци?

Антикорупциската комисија којашто “случајно“ ги сокри анкетните листови за имотната состојба на Груевски не може да го спаси Груевски.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски. Ни нарачаната аболиција кај Горѓе Иванов, за него и за неговите соработници.

Целосно поништување на аболицијата ќе има и сите кои правеле злоупотреби ќе одговараат.

 

Скопје, 24.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести