fbpx

СДСМ најостро го осудува упадот во партиските простории во Кисела Вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вечерва е изврешен упад во просториите на Општинската организација на СДСМ Кисела Вода.

Насилно се обиени бравите на 6 врати од просториите, украдени се 3 лаптоп комјутери, 2 деск компјутери и еден прожектор. Дополнително оштетени се уште 2 комјутери од коишто се извадени хард дискови и други делови.

Насилниот, криминален чин е пријавен во МВР а за него ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјава и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

СДСМ најостро го осудува овој инцидент и бараме МВР да преземе итни и ефективни мерки за откривање на сторителите за нивно соочување со правдата.

Очигледно е дека враќањето на правдата, слободата и демократијата во Македонија ги прави нервозни криминалните структури во земјава.

Едно треба да им биде јасно на сите: правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 22.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести