Соопштение за јавност
Никола Груевски покажа дека за него и за криминалната банда од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважни се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов.
Аболицираниот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го продолжуваат државниот удар врз Република Македонија.
Целта на Никола Груевски е што повеќе да ја искомплицира длабоката криза во Македонија надевајќи се дека ќе тргува со се’, само за да остане аболицијата од Иванов.
Граѓаните и цела демократска Македонија предводена од Зоран Заев порачуваат: Ништо нема да ја спаси криминалната банда на Никола Груевски од одговорност.
Секој што го прекршил законот ќе одговара!
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Со отворањето на Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на криминалната власт на Никола Груевски.
Како што му доликува на овој трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно со граѓаните ја поведе битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.
Денеска, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.
Враќање назад нема!
Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.
Во Македонија ќе има избори кога ќе се исполнат сите услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори.
Криминалците ќе се соочат со правдата и со вистинската волја на граѓаните на регуларни избори!
Скопје, 11.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА