Соопштение за јавност
Медиумските курири продолжуваат да шират невистини и тераат пропаганда платена со пари на граѓаните.
Стравот на Никола Груевски од вистината и враќањето на правдата медиумските курири се обидуваат да го покријат со навреди кон граѓаните кои протестираат, со скандалозни фото-монтажи, споредувајќи ги граѓаните кои се борат за слобода со терористички организации.
Ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите, монтажите и измислиците на медиумските курири.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.
Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.
Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.
“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
На Македонија и се неопходни демократски промени коишто ќе се случат на слободни, фер и регуларни избори, со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата.
Скопје, 10.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА