Соопштение за јавност
По шамарот од домашните банки Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во паника.
За да се спасат од граѓанскиот револт што секојдневно се шири низ улиците на Македонија и да ги оправдаат погрешните економски политики тие би се вратиле и во 80-тите години од минатиот век, кога уште динарот беше официјална валута.
Цели 10 години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошуваат економијата и затоа кредитниот рејтинг на Македонија е опаднат за цели две нивоа.
Груевски ја сноси директната одговорност за зголемувањето на каматните стапки.
Каматната стапка на Еврообврзницата издадена во 2009 година изнесува 9,875% или два пати повеќе од Еврообрвзницата што е издадена во 2005 година со каматна стапка од 4,625%.
Срамот што Груевски сака да го скрие е десетгодишно свесно уништување на економијата.
Додека Груевски и Ставрески ги зголемуваат каматните стапки за домашните банки, Европската Централна банка ја спушти референтната каматна стапка на најниско ниво од 0%.
Очигледна е паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи домашните банки го вклучија црвениот аларм.
Единствена надеж за Груевски да продолжи со задолжувањата на грбот на граѓаните беше токму зголемувањето на каматните стапки за што и јавно упати закана дека ќе изврши притисок врз гувернерот Богов за зголемување на каматните стапки на благајничките записи.
Во ваквиот грабеж одамна учествува и кумот Ставрески.
Изгубена е довебрата кај граѓаните и домашните кредитори за начинот на кој оваа власт располага со нивните финансии.
Затоа Македонија е на нозе!
Граѓаните се одлучни да си ја вратат државата и стабилноста во економијата!
Скопје, 04.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА