fbpx

Кирацовски: Секој што врши политички притисоци соодветно ќе одговара!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Продолжуваат политичките притисоци и злоупотреби врз вработените од јавниот сектор! Вчерашните случувања и злоупотребата на администрацијата во политички цели се еден од последните акти на уцена и застрашување на службениците, и на ова однесување ќе му дојде крај!

Целата македонска јавност е сведок дека вчера (21.04.2016 година), се случи класична злоупотреба на институциите на системот. Имено без јасно образложение раководните лица во голем број на државни органи и институции издадоа синхронизирана наредба најдоцна до 15 часот вработените да ги напуштат работните простории.

Сето ова го потврдува и изјавата на проф. д-р Александар Даштевски, еден од организаторите на собирот на ГДОМ дадено на ден 21.04.2016 година за вестите на Канал 5 телевизија, во кое тврди според негово сознанија дека очекува бројка од 30.000 до 50.00 илјади граѓани во зависност од тоа како ќе бидат ослободени од работните позиции. (http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=95637)

Со ова свое однесување раководните лица стануваат соучесници во поткопувањето на духот на договорот од Пржино, кој треба да обезбеди одвојување на партијата од државата и обезбедување на фер, демократски, слободни и кредибилни избори во Република Македонија.

До секој оној раководител кој врши политички притисок врз вработените во јавниот сектор, му порачуваме дека за своите постапки ќе сноси одговорност согласно законските одредби во Република Македонија.

 

Кабинет на Дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација

Александар Кирацовски

 

 

Последни вести