fbpx

Донатор на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде на чело на Антикорупциска комисија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Веќе е јасно дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

Назначувањето на Игор Тантуровски за нов претседател на Антикорупциската комисија е уште една потврда дека нема вистинска борба против корупцијата и криминалот туку обиди да се покријат криминалите на власта.

Тантуровски самиот потврди дека во 2012 година донирал 60.000 денари за ВМРО-ДПМНЕ, со што не го исполнува највисокиот услов да биде партиски независен.

Со тоа уште еднаш на дело се гледа дека не постои одвојување на партијата од државата, што е еден од клучните услови за кредибилни избори.

Наместо да бидат избрани квалитетни и стручни луѓе коишто професионално ќе ја извршуваат работата и навистина ќе се борат со корупцијата, ВМРО ДПМНЕ назначува свои полтрони преку кои ја уништи институцијата која требаше да биде симбол на искоренување на корупцијата.

Едно треба да биде јасно – правдата ќе ги стигне сите

Доаѓаат демократски промени предводени од СДСМ.

Демократијата, слободата и правдата ќе победат.

Институциите ќе бидат слободни и професионални, одделени од партиските интереси.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 22.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести