Соопштение за јавност
Новиот тим е спој на млади и искусни.
Синергијата на овој спој, млади и искусни во новиот тим ќе даде резултат на следните парламентарни избори.
Новата сила не се само овие луѓе. Новиот тим на СДСМ е многу поголем, многу поширок.
Тука е и Антикорупцискиот тим којшто веќе интензивно работи, тука се и младите, тука се сите.
Дел од столбовите на новата програма, програма 300 ќе бидат младите.
Ќе следува процес за регрутирање 300 млади лидери, координатори и волонтери од сите региони, од цела Македонија.
Нова сила која ќе ја освежи партијата и ќе покаже што е СДСМ, партија со план, со вредности, и вистински патриотизам.
Новата сила ги мобилизира членовите на сите нивоа, создаваме посилен тим кој расте секој ден, со фокус на инклузија и заедничка работа по сите наши општински организации.
Борбата започна и нема запирање!
Ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот
Ќе ставиме крај на предавството на Македонија мигранти за пари
Ќе ставиме крај на изолацијата на земјата
Ќе ставиме крај на лошите економски политики.
И најважно, ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните!


