Соопштение за јавност
СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ. Неуставната резолуција е директна и сериозна закана за демократијата и слободата на говорот.
„Не може Резолуција во Собрание да биде против „наративот на опозицијата“ и да се заканува повикувајќи се на кривичен законик, прекршоци и кривични пријави заради искажан збор. Неуставната Резолуција е директен напад на слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата во целост, преку цензура. Затоа Уставниот суд, како главен заштитник на Уставот и уставниот поредок, на слободата на говор и правата гарантирани со Уставот има обврска да ги заштити. Уставниот суд мора да ја укине оваа неуставна Резолуција!“, рече генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша Димитријевиќ.
Тој посочи дека кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, и потребна е заедничка акција.
Затоа денес СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието.


