СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставен суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на неуставната Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ усвоена во Собранието.

– Кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, потребна е заедничка акција. Денеска СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието. Конкретно, за повреда на дел 1 од Уставот, членот 16, кој ги гарантира: слободата на говорот, слободата на јавниот настап, слободата на уверувањето и јавното изразување. И кој забранува цензура во секаква форма, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша – Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека резолуцијата е неуставна и претставува сериозна закана за демократијата.

„Неуставната Резолуција е директен напад на слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата во целост, преку цензура. За тема од исклучителен јавен интерес. Граѓаните тоа многу добро го знаат, за еден договор со Британија за кој јавноста дозна од британските медиуми, поврзан и со заем од 6 милијарди евра. Оваа тема никако не може да се третира како создавање паника и како закана за јавната стабилност. Не може Резолуција во Собрание да биде против „наративот на опозицијата“ и да се заканува повикувајќи се на кривичен законик, прекршоци и кривични пријави заради искажан збор, посочи Димитријевиќ додавајќи дека Уставниот суд мора да ја укине оваа неуставна Резолуција.