Скопје се гуши, СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на Советничката група на СДСМ во Скопје, Катарина Цаневска Арсовска

Скопјани се гушат во загаден воздух со денови. Скопје според официјалните податоци е најзагаден град во Европа, затоа бараме прогласување на еколошка и здравствена кризна состојба во градот.

Бараме да се донесе Одлука со која намалувањето на загадувањето на воздухот се утврдува како приоритет, и да се даде приоритет на финансирањето на мерки од Градот Скопје, бидејќи досега не се инвестираат пари во проекти за почист воздух, граѓаните се оставени сами на себе.

Веројатно поради изјавите на премиерот Мицкоски дека воздухот во Скопје е почист од воздухот во Виена.

Тоа мора да се промени веднаш, за здравјето на скопјани се работи, за половина милион жители, деца, возрасни, млади, сите се засегнати!

Затоа Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Бараме поддршка од сите советнички групи во Советот да ја оджиме оваа седница и да утврдиме заклучоци и итни мерки. Здравјето на скопјани е во прашање и затоа заедно да донесеме мерки за решавање на проблемот.

На самата седница ние ќе предложиме мерки: Бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, да се побараат пари од владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи, за граѓаните за еколошко греење, да се донесе забрана за греење со дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, понатаму расчистување на дивите депонии на територија на Град Скопје, миење на улиците, пари за еколошки проекти.

Не може да има пари за милионски тендери за испумпување на парите на граѓаните, 9 милиони евра за само една фирма, или 161 тендер за друга фирма а да нема пари за скопјани.

Не може богатењето на поединци во власта да биде поважно од здравјето на скопјани.

Да застанеме сите заедно на страната на Скопјани, да делуваме веднаш.