Поради корупција на власта EK ја суспендирала ИПАРД 3 програмата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка

Почитувани,

Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за ИПАРД 3 програмата, поради корупцискиот скандал каде приведен е директорот на Платежната агенција, кадар на ДПМНЕ.

Изолација од ЕУ!

Десет дена власта молчи за оваа одлука.

Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има!

Ова е најголемиот скандал со европски пари во Македонија, загрозени се 130 милиони евра од ИПАРД 3-пари за земјоделците.

Сега истрагата мора да оди до крај и мора да ги опфати сите инволвирани, не само приведениот директор.

Да ги даде одговорите и за најблискиот круг на премиерот Мицкоски.

Еве зошто. Директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, е близок соработник на Игор Миќев, познат како Панкерот, кој е во кумска врска со премиерот Христијан Мицкоски. Неговата сопруга пак е вработена во Агенцијата, на позиција одговорна за исплата на парите од ИПАРД.

Значи и Трипуновски и Мицкоски треба да одговараат за овој криминал и за штетата што ќе ја претрпат земјоделците.

Почитувани граѓани,

Кога СДСМ ја разобличи оваа коруптивна шема, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да дефокусираат од скандалот, ја пуштија во погон фабрика за лаги.

Ги обвинуваа СДСМ, претседателот Филипче, Заев кој 5 години е во политичка пензија, Николовски, луѓе кои немаат никаква врска со овој случај.

Денес, кога фактите излегоа на виделина, на сите им е јасно: дезинформациите и лагите служеа за дефокусирање и прикривање на сопствената корупција.

Ова е потврда на она што СДСМ цело време го говори.

На ДПМНЕ не им се важни граѓаните, важни им се наместените милионски тендери. 161 тендер вреден 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени – тоа е приоритетот на ДПМНЕ.

Затоа им е потребна изолација и затоа сакаат да го конторлираат судството со наводни „реформи“.

Бараме брза, темелна и целосно транспарентна истрага. Затоа ја повикавме главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да дојде во Македонија.

Немаме доверба во институции под притисок на власта, кои го штитат криминалот наместо правото и јавниот интерес.

Нема да дозволиме да си играат со судбината на граѓаните.

Одговорноост ќе има.

Работата не е завршена.