Соопштение за јавност
Носителот за столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски заедно со членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски и претседателот на Комисијата за здравство, Гоце Чакаровски, денеска беа помеѓу граѓаните на Кичево и кичевско.
Ние не живееме, ние преживуваме, има голема разлика, ама на медиумите по нивна контрола тече мед и млеко. На власта не и е важно како живееме ние, важно им е што ќе кажат на телевизија, револтирано рече еден од граѓаните во Поположани.
-Ете затоа Никола Груевски не сака реформи во медиумскиот простор. Се плаши од ова што вие го кажувате, се плаши од вистината. На тие медиуми нема да чуеме дека за 10 години, бандата на Груевски украдоа милијарди, а ниту еден се уште не е во затвор, бидејќи судиите не одлучуваат по Устав и закон, туку по директива на Груевски, рече Пендаровски.
Ние не се бориме против партија, се бориме против криминална банда предводена од Никола Груевски којашто единствена цел и е полнење на сопствените џебови, додаде Пендаровски.
На средбите се зборуваше и актуелната политичка ситуација.
Водена од лошата политика од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се соочува со длабока економска и институционална криза.
Резултатот на оваа криза, водена од таквата криминална политика е лош животен стандард, голема невработеност, иселување на стотина илјади граѓани надвор од Македонија, кршење на правата и законите, неконтролирано задолжување на сегашните и идните генерации, исчезнати милијарди евра преку незабележана корупција, изборна измама и медиумски мрак.
Оваа криза може да се реши само на фер и демократски избори, на коишто ќе дојде до промена на власта!
Мора да се обезбедат сите предуслови коишто ќе гарантираат фер шанса за сите. Договорот од Пржино мора да се имплементира во целост, избирачкиот список мора да се прочисти и да има реформа на медиумскиот простор, нагласи Пендаровски.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танаскоски зборуваше за мерките од Програмата на СДСМ.
Новата Влада предводена од СДСМ ќе биде одговорна и транспарентна. Тоа единствено може да е овозможи преку контрола на власта. Затоа СДСМ во Програмата се обврзува на е силно Собрание, департизација на полицијата, независност на судството, слобода на медиумите. Само на тој начин граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени, рече Танаскоски.