Ова ли е мафијашкиот филм Максиме?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вицпремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ присуствувал на настан во Република Српска, со путиновите „Ноќни волци“.

Самиот се фали дека на овие настани повеќе присуствувал само Никола Селаковиќ, српскиот министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот, откако зетот на Трамп, ја повлече својата фирма од проектот поради корупција и криминал. Судењето на овој министер му е закажано за 4 февруари а Обвинителството бара 3 години затвор.

Поранешен осуденик за корупција кој одлежал 8 години во САД им пеел на настанот во Република Српска каде бил Стоилковиќ со путиновите Ноќни волци. Заедно и со Додиќ кој исто така е осуден на една година затвор.

Осуден убиец им пеел на увце на министрите од СНС и Вучиќ на емисија за Божиќ. Како прослава на 100 години затвор.

Мицкоски прави притисок врз обвинители во Македонија, ги навредува и ги нарекува „медиокритети“.

Вучиќ прави притисок врз ТОК – Обвинителството за организиран криминал во Србија.

Дали ова е мафијашкиот филм за кој зборува тендер партнерот на Мицкоски, Максим од ЗНАМ?

Дали се е јасно зошто е паниката кога САД носат специјален Закон за Западен Балкан за борба против криминал и корупција?

На САД и ЕУ одамна им е јасно. Сите ќе одговарате!