fbpx

Христијан Делев ќе одговара за противзаконското работење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Делев да престане да ја замајува јавноста со очајни и паушални изјави.

Христијан Делев ќе одговара за тоа што противзаконски ослободувал фирми од плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште.

Христијан Делев знае дека заменик министер неможе да потпишува договори во име на министерството и државата. Не може да потпишува никакви договори и анекс договори без овластување на министерот. И затоа е свесен дека ќе одговара.

Институциите ќе мора да ја утврдат штетата што тој со склучување на овие анекси ја причинил на државниот буџет.

На граѓаните веќе им е јасно како владеел Груевски и какво самоволие покажувале неговите пулени.

Доаѓа време на одговорност и враќање на довербата во институциите.

Никој не е над законот!

 

Последни вести