АКТ СДСМ објави нов сакданл: Тендерска пирамида вредна 16 милиони евра!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нова бомба, нов скандал, за тендерска пирамида вредна 16 милиони евра. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО.

„Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денес, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер. 51 тендер! Вредни неверојатни 16 милиони евра! Едни исти омилени фирми блиски до ВМРО добиваат милионски тендери за многу краток период, кои не можат да се добројат“, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Тој потенцираше дека оваа фирма добивала тендери во повеќе општини управувани од градоначалници од ВМРО.

„Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија … секаде каде градоначалниците се од ВМРО. Низа на тендери финансирани со средства од унгарскиот кредит исто така завршиле кај оваа фирма. Додека парите завршуваат кај фирми блиски до власта, граѓаните плаќаат и тоа со камата. Последниот тендер, во декември 2025 година е со Град Скопје. Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра, рече Фрчкоски.

Кога седна Орце во градоначалничката фотеља кога добија тендер?, праша Фрчкоски.

Тој потенцираше дека ова е нов случај со 51 тендер и 16 милиони евра! А немаме одговори за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти. Еден месец нема никаква реакција.

„Сега на сите во Македонија им е јасно зошто земјата намерно се држи во изолација? Еве зошто. За пари. За криминални тендери. Јавното обвинителство, Финансиската полиција, ДКСК дали уште ќе молчат или конечно ќе преземат нешто за скандалите кои ги објавува СДСМ?, рече Фрчкоски.