Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација.

Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада.

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.

Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.

Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.

Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане.