Соопштение за јавност
СДСМ ќе ги активира домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата.
Ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата.
Ефикасно ќе ја гасифицираме Македонија, како што тоа веќе е направено во Струмица и Куманово.
Груевски и неговата власт се тие кои ја укинаа ефтината тарифа на струјата.
Со тендерските политики, за нивни бизнис интереси трошат пари на граѓаните за барокни фасади, а сега преку Регулаторната комисија за енергетика, чиј прв човек е од редовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово се одборува ново крадење на граѓаните преку сметките за струја!
Повеќе од 2 милиони евра месечно непотребно се одлеваат од граѓаните за скапиот увоз на струја, бидејки е падната цената на струјата на регионалниот пазар, но граѓаните и натаму плаќаат високи сметки.
Додека се молчи за чии интереси се прави ова, Агенцијата за енергетика најавува дека ќе ги учеле граѓаните, во услови на незапаметена сиромаштија во Македонија, како да штеделе струја, со нови прозорци и врати и квалитетна изолација на фасадите и ѕидовите.
Како што Регулаторната комисија во јули 2012 година ја зголеми цената на струјата за приближно 10 отсто, поради зголемени трошоци за увоз на електрична енергија на ЕЛЕМ, така сега имаат обврска да ја намалат.
Доаѓа крајот на расипничките политики на власта на Никола Груевски поради кои сметките струја, за време на владеењето на Груевски се зголемени за 100 проценти!
Скопје, 29.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА