Соопштение за јавност
Да ја прашаме ВМРО што сега има да каже во врска со честитањето на нивниот Милорад Додик за Богојавление? (видео во прилог)
По обидот за исмејување на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дури и на голем верски празник Богојавление, бидејќи за ВМРО не постои свет ден, и по соопштението со кое беше објаснето дека ВМРО воопшто не ја познава православната традиција, следеше нов напад со навреди без никаква основа.
Ова е специфично за препишувачка школа на ВМРО и за нивните црни кампањи.
Дали сега може ВМРО да ни одговори дали нивниот Додик „е изгубен во простор и време“, дали е „Грегоријански Додик“?
Ааа, не може.
Затоа што Стоилковиќ, првиот човек на Мицкоски, слави со него и со Ноќните волци, па не им оди сега него да го напаѓаат за да докажат дека се во право.
Што правиме сега?
А да, не можат него да го обвинат ниту Ивона, Латас, Бетмен Велит…


